• сабота, 22 февруари 2025

Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици

Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици

Нови Сад, 20 јануаи 2025 (МИА) - Директорот на Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад, Радивоје Стојковиќ денеска одржа час на само тројца ученици, додека останатите стоеја пред училниците и извикуваа „Учениците не клечат!“.
Тие алудираа на тоа дека за време на декемвриската блокада на таа гимназија, организирана од Пленумот на матуранти, директорот со часови клечеше во дворот, јави Бета.

На 9 јануари, матурантите од Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ ставија крај на блокадата на таа училишна институција која траеше од 16 декември.

Тие изјавија дека ја прекинале блокадата бидејќи се исполнети сите нивни барања, освен извинување од директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ, за кој рекоа дека „не е релевантен“ за нив. 

Родителите на учениците од таа гимназија поднесоа официјално барање до Министерството за образование и до Покраинскиот секретаријат за образование за разрешување на директорот на училиштето, Радивоје Стојковиќ. зш/

Остани поврзан