• сабота, 21 февруари 2026

Димитриеска-Кочоска: Борбата против сивата економија се интензивира

Димитриеска-Кочоска: Борбата против сивата економија се интензивира

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, потенцира министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа преку својот фејсбук-профил порачува дека воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем.

- Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите, а системот функционира транспарентно - наведува министерката. мч/вј/

фото: ФБ на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан