• петок, 06 март 2026

Деца од библиотеката „Линкест“ од Битола на средба со албанскиот премиер Еди Рама

Деца од библиотеката „Линкест“ од Битола на средба со албанскиот премиер Еди Рама

Дебар, 6 март 2026 (МИА) - Амбасадорот на Албанија во државава, Денион Меидани, организираше посебна средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, на деца од библиотеката „Линкест“ во Битола.

„Средбата се одржа во рамки на промоцијата на албанскиот јазик и култура во странство. Децата имаа можност да ги споделат своите искуства и да зборуваат за нивната љубов кон албанскиот јазик и читањето книги на албански јазик, објавија албанските медиуми. 

На средбата Меидани ја нагласил „важноста од зачувувањето на албанскиот јазик како суштински елемент на националниот идентитет“. 

„Секој научен збор, секоја прочитана книга на албански јазик е мост што ги поврзува генерациите и доказ дека децата на Албанија, каде и да се, го одржуваат жив својот јазик и култура. Таму каде што е зачуван албанскиот јазик, се зачувува и духот на нацијата, нагласил тој.

Оваа активност, додаваат медиумите, ги истакнува напорите за одржување на живот на албанското културно и јазично наследство, давајќи им можност на децата да се запознаат со својата историја, книги и национален идентитет, дури и надвор од Албанија.

Посочуваат дека со поддршка на Амбасадата на Албанија во Скопје, книгата и албанскиот јазик продолжуваат да ги поврзуваат Албанците каде и да се. вт/вј/

Фото: Меидани ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан