• четврток, 16 април 2026

Нови садници на повеќе локации во Кочани

Нови садници на повеќе локации во Кочани

Кочани, 27 март 2026 (МИА) - Надлежните служби од Општина Кочани денеска работеа на озеленување на дел од јавните површини во градот.

Сто и педесет садници од јасен, јавор, црвена слива, индиски јоргован, бреза, туја и ликвидамбир се засадени на улиците „Четврта македонска бригада“, „Скопска“ „Тодосија Паунов“, во разделните зеленила на градските сообраќајници, во Градскиот парк, а се обновуваат и испразнети места во дрворедите низ градот. 

Хортикултурното уредување и озеленување на јавните површини се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани, според програмските активности за заштита на животната средина, велат од локалната самоуправа. 

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини. ис/дма/

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан