Недостигот на квалификувана работна сила еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори
- Главната причина за недостигот на квалификувана работна сила, според Советот на странски инвеститори, е миграцијата која не е карактеристична само во земјава, туку со неа се соочуваат и држави во Европа. - Во Пелагонискиот регион во наредните пет години, бројот на луѓе кои се меѓу 60 и 65 години е за нијанса поголем од луѓето кои се меѓу 24 и 29 години, односно бројот на луѓе кои ќе одат во пензија е поголем од бројот на оние кои би барале работа. Во Европа е уште полошо. Ова е шокантен податок којшто според нас треба да биде прва тема за размислување кај нашите фактори на одлучување, истакна Георги Тренкоски од „Кромберг и Шубер“ на денешната презентација на анкетата.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.