• сабота, 22 февруари 2025

Дермер: Израел не ветил формирање на палестинска држава

Дермер: Израел не ветил формирање на палестинска држава

Тел Авив, 22 јануари 2025 (МИА) – Израелскиот министер за стратешки работи Рон Дермер денеска изјави дека Израел не дал никакви ветувања за формирање на палестинска држава, како дел од разговорите за потенцијална нормализација на односите со Саудиска Арабија.

- Воопшто нема никакво ветување за воспоставување на палестинска држава, истакна Дермер пред Кнесетот.

Тој наведе дека Владата работи на планот за повоена управа во Појасот Газа и ја потенцира потребата од ангажирање на САД и регионалните сили. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан