• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл

Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл

Сан Франциско, 5 април 2025 (МИА) - Голден Стејт вориорс ноќеска го победи Денвер нагетс на свој терен со 118:104 во натпревар од во регуларниот дел на НБА-лигата. За гостите од Колорадо ова беше трет пораз во низа.

Ниту дабл-дабл ефектот на Никола Јокиќ кој постигна 33 поени и 12 скока не му помогна на Денвер да го избегне поразот. На Србинот му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл.

Во домашниот тим најефикасен беше Стеф Кари со 36 постигнати поени.

Голден Стејт е на 5. место во Западната конференција со скор 46-31 (победи-порази). 

Денвер е место погоре со биланс 47 победи и 31 загубен натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан