• сабота, 22 февруари 2025

Ден Јоргесен: Во овие турбулентни времиња ни треба уште посилна ЕУ 

Ден Јоргесен: Во овие турбулентни времиња ни треба уште посилна ЕУ 

Брисел, 17 февруари 2025 (МИА) - Во услови кога се соочуваме со турбулентни времиња, со војна на нашиот континент, затегнати односи со сојузниците, климатски промени и зголемени притисоци врз конкурентноста, работните места и просперитетот, јас сум поубеден од кога било досега дека ни треба уште посилна Европска Унија во иднина, порача еврокомесарот за енергија и домување Ден Јоргенсен. 

- Сето ова бара решителна акција од силна Европска Унија. Ниту една европска земја, голема или мала, не може сама да се справи со овие предизвици. Треба да се надоврземе на нашите силни страни: нашите социјални модели кои обезбедуваат квалитет на живот и може да се применат на неколку места, нашата амбициозна агенда за одржливост, најголемиот внатрешен пазар во светот и нашата севкупна способност да станеме посилни преку соработка, наведе данскиот еврокомесар во објава на Икс. 

Според Јоргесен, безбедноста на ЕУ се потпира на единството, што се докажува и со неодамнешниот заклучок на Европскиот совет кој „јасно ја потврди својата посветеност на територијалниот интегритет и целосниот суверенитет на Данска и Гренланд“.  

- Ние мора да бидеме предводници во надминувањето на климатската криза. Ако тоа не го сториме ние, кој ќе го стори? Со повлекувањето на САД од Парискиот договор, Европа мора да направи уште повеќе. Европа е на крстопат. Без ЕУ би биле фрагментирани, ранливи и слаби. Заедно, ние сме силни, заклучи Јоргесен во објавата. сп/

 Фото: ЕК 

Остани поврзан