• петок, 21 февруари 2025

„Ден на побезбеден интернет“ во училиштето „Димитар Македонски“

„Ден на побезбеден интернет“ во училиштето „Димитар Македонски“

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - „Ден на побезбеден интернет“ (Safer Internet Day) ќе се одржи денеска во основното училиште „Димитар Македонски“ во населба Лисиче.

Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, на настанот ќе присуствуваат и министерот Стефан Андоновски и в.д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески.

Според најавата, настанот е во организација на „МКСафеНет“, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација.

Настанот е посветен на безбедноста на интернет, особено кај најмладите. бд/ев/

Фото: Министерство за дигитална трансформација

Остани поврзан