• сабота, 22 февруари 2025

Делегацијата на Хамас пристигна во Каиро на понатамошни разговори за прекин на огнот

Делегацијата на Хамас пристигна во Каиро на понатамошни разговори за прекин на огнот

Каиро, 12 февруари 2025 (МИА) - Делегација на Хамас денеска пристигна во Египет каде ќе ги продолжи преговорите за прекин на огнот во Газа.

Како што пренесуваат светските агенции, втората фаза од преговорите треба да започне денеска во Каиро.

Палестинската милитантна група претходно оваа недела објави дека ќе го запре ослободувањето на заложниците закажано за сабота до понатамошно известување. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан