• недела, 18 јануари 2026

Делегација на Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација на Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Кочани, 18 јануари 2026 (МИА) - Делегација од Општина Кочани, предводена од градоначалникот Владко Грозданов,  присуствуваше на 32. Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Бугарија. Фестивалот годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот.

Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот Грозданов оствари средби со претставници на локални самоуправи и културни институции од различни држави. На средбите беа разменети мислења и идеи за унапредување на меѓународната соработка, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во областа на културата и туризмот, информира локалната самоуправа.


– Фестивалот „Сурва“ е одличен пример како традицијата и културата можат да бидат мост за поврзување меѓу народите, за градење нови партнерства и пријателства кои во иднина можат да резултираат со конкретни соработки и проекти – цитиран е во соопштението од Општината, градоначалникот Влатко Грозданов. ис/нд/

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан