Декларацијата на самитот за вештачката интелигенција во Париз без потписи од САД и Велика Британија
- САД и Велика Британија одбија да потпишат декларација за „инклузивна и одржлива вештачка интелигенција“ на Глобалниот самит за вештачка интелигенција (GPAI) во Париз, објавија британските медиуми.

Париз, 12 февруари 2025 (МИА) - САД и Велика Британија одбија да потпишат декларација за „инклузивна и одржлива вештачка интелигенција“ на Глобалниот самит за вештачка интелигенција (GPAI) во Париз, објавија британските медиуми.
Во Декларацијата на самитот во Париз, поддржана од 60 земји потписнички, вклучително и Франција, Кина, Индија, Јапонија, Австралија и Канада, е наведено дека приоритетите ја вклучуваат „потребата вештачката интелигенција да биде отворена, инклузивна, транспарентна, етичка, безбедна и доверлива на меѓународно ниво, за сите луѓе и за планетата“, пишува Гардијан.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го критикуваше прекумерното регулирање на вештачката интелигенција и технологија на ЕУ на самитот во Париз.
Соединетите Американски Држави, под новата администрација на претседателот Доналд Трамп, поддржуваат полиберален пристап за поттикнување на иновациите, додека Европа дополнително ги заострува своите строги правила за да обезбеди одговорност и безбедност.
Во меѓувреме, Кина брзо го проширува својот сектор за вештачка интелигенција преку гигантски компании поддржани од државата и има за цел да доминира со глобалната конкуренција. паг/
Фото: ЕПА