• вторник, 30 декември 2025

„Дедо Мраз на мотор“ по 18-ти пат во Куманово

„Дедо Мраз на мотор“ по 18-ти пат во Куманово

Куманово, 26 декември 2025 (МИА) - Мотоклуб „Мечки“ Куманово, денеска по 18-ти пат пред платото на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ја организираше манифестацијата „Дедо Мраз“ на мотор. Моторџии од Куманово и другите градови од државата поделија слатки и пакетчиња за најмладите кои имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз на мотор и да уживаат во оваа манифестација која е една од најпосетуваните во претпразничниот период.

- Драго ни е што годинава имаме и дечиња учесници кои пеат и играат за најмладите. Поделивме донации стандардно за децата со попреченост и секако пакетчиња за најмалите, изјави Игор Тимчевски од мотоклуб „Мечки“.

Изминативе години, кумановскиот мотоклуб, заедно со нивните пријатели моторџии од Европа донираше медицинска опрема и материјали за кумановската болница, за старскиот дом „Зафир Сајто“. Најмладите кумановци добија подароци и уживаа во звуците на моторите при прошетка низ кумановските улици. ам/ев/

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан