• петок, 21 февруари 2025

Дебата за „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција - предизвици и можности“

Дебата за „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција - предизвици и можности“

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска во Клубот на новинарите ќе се одржи настан посветен на „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција - предизвици и можности“. 

На настанот ќе се дискутира за најновите трендови, можностите за развој, како и предизвиците што ги носи оваа технолошка ера, поаѓајќи од правните и етичките аспекти поврзани со употребата на ВИ, како и можностите што ги нуди вештачката интелигенција во образованието и медиумите.

- Дигиталната трансформација и вештачката интелигенција сè повеќе стануваат клучни фактори за развојот на економијата, образованието, правото и општеството во целина, наведуваат во соопштението.

Предвидено е настанот да биде отворен од страна на министерот за дигитална трансформација - Стефан Андоновски и Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Најавени се излагања и на Александар Спасеновски - професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, Драган Секуловски - директор на Здружението на новинари, Сашо Кокаланов - вонреден професор на Факултетот за драмски уметности - Скопје, Иван Јованов - извршен директор на „ЛЕАД“ и Перица Сарџоски - директор за настава и соосновач на „Пегасус ЕЛС“, Тетово. бд/ев/

Фото: ЕПА

Остани поврзан