• петок, 21 февруари 2025

Двоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби

Двоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби

Најроби, 3 февруари 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број 1 во двете конкуренции. 

Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. 

Во поединечна конкуренција Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2:0 во сетови.

Во сингл финалето Хусеиновиќ вчера го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2:0 во сетови (6:3 и 6:1), а на патот до финалето беа победени Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела, Педро Куероз од Бразил, Абделазиз Гуенуми од Мароко и Србинот Марко Драговиќ.

Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2:1 во сетови (4:1, 3:5 и 11:9 на поени). зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан