• сабота, 06 декември 2025

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17:00 часот.

Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа и нејзината 14-годишна сопатничка.

Повредите се констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.

На местото на несреќата е извршен увид од екипа на СВР Скопје. мч/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан