• сабота, 22 февруари 2025

Двајца здравствени работници во австралиската држава Нов Јужен Велс суспендирани поради антисемитизам

Двајца здравствени работници во австралиската држава Нов Јужен Велс суспендирани поради антисемитизам

Сиднеј, 12 февруари 2025 (МИА) - Двајца здравствени работници во австралиската држава Нов Јужен Велс се суспендирани откако се појави видео на социјалните мрежи во кое велат дека „ќе одбијат да лекуваат израелски пациенти и ќе ги убијат“, јави ДПА.

Клипот, поставен на ТикТок, прикажува маж и жена кои носат престилки за здравствената служба на Нов Јужен Велс како разговараат со израелски инфлуенсер. Двајцата здравствени работници даваат голем број антиизраелски коментари на краткото видео, кое било отстрането околу 12 часа по неговото објавување.

Министерката за здравство на Нов Јужен Велс, Сузан Пирс, рече дека двете официјални лица дале „одвратни коментари“ за еврејската заедница.

-Да бидам многу јасна, нема место во здравството на Нов Јужен Велс за вакви типови коментари. Нема место во општеството за вакви коментари, рече таа.

Пирс рече дека Министерството за здравство на Нов Јужен Велс ја прегледало безбедноста на предметната болница и нагласи дека луѓето се безбедни и дека ќе ја добијат потребната нега.

Здравствените работници се идентификувани и суспендирани, рече австралискиот премиер Ентони Албанес, опишувајќи ги нивните коментари како „одвратни и срамни“.

„Овие антисемитски коментари поттикнати од омраза немаат место во нашиот здравствен систем или никаде во Австралија“, рече Албанес. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан