Дванаесет лица повредени во сообраќајна несреќа во близина на Хамбург
- Дванаесет лица се повредени кога попладнево брз воз се судри со камион во близина на северниот германски град Хамбург

Берлин, 11 февруари 2025 (МИА) – Дванаесет лица се повредени кога попладнево брз воз се судри со камион во близина на северниот германски град Хамбург.
Во несреќата едно лице се здоби со повреди опасни по живот и е пренесено во болница. Уште еден патник се здобил со тешки телесни повреди, а 10 лица се полесно повредени.
Полицијата се подготвува да ги евакуира преостанатите 269 патници од возот.
Во возот имало околу 300 патници. ми/
фото: МИА архива