• петок, 21 февруари 2025

Данска повторно порачува: Гренланд не е на продажба

Данска повторно порачува: Гренланд не е на продажба

Брисел, 3 февруари 2025 (МИА) - Гренланд не е на продажба, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен, откако американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела изјави дека интересот на поранешниот претседател Доналд Трамп за купување на островот „не бил шега“.

- Гренланд е дел од Кралството Данска. Тој е наша територија и не е на продажба, истакна Фредериксен на неформалната средба на лидерите на ЕУ во Брисел.

Трамп претходно изјави дека би сакал автономната данска територија да стане дел од САД и не ја исклучи можноста да изврши воен или економски притисок врз Данска за да го добие островот.

Фредериксен се согласи со ставот на САД дека Арктикот станува сè поважен од аспект на безбедноста и одбраната. - Ако станува збор за обезбедување на нашиот дел од светот, можеме да најдеме начин за соработка, додаде таа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан