• вторник, 06 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Далас го победи Сакраменто во НБА плејин

Далас го победи Сакраменто во НБА плејин

Сакраменто, 17 април 2025 (МИА) - Далас маверикс рано утрово на гостински терен го победи Сакраменто кингс во плејин мечот во НБА-лигата со 120:106.

Ниту 33-те поени на Демар Дерозан не ги спаси „Кралевите“ од пораз.
Во победничкиот тим најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени.

Во второто коло од плеј-инот Далас ќе игра против Мемфис за пласман во плејофот.

Претходно ноќта среда кон четврток Мајами хит исто така на гостински терен го победи Чикаго булс со 109:90 и си закажа натпревар со Атланта за учество во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан