Чави прв фаворит за клупата на Тотенхем
- Прв фаворит за нов тренер на Тотенхем, според обложувалниците, е Шпанецот Чави, јавија денеска британските медиуми.
Лондон, 5 мај 2025 (МИА) – Прв фаворит за нов тренер на Тотенхем, според обложувалниците, е Шпанецот Чави, јавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, поранешниот тренер на Барселона се смета за главен кандидат на лето да го замени Ангелос Постекоглу во лондонскиот клуб.
Меѓу кандидати за наследник на Постекоглу се и Маурисио Покетино и Томас Франк.
Тотенхем под водство на Постекоглу е на чекор до пласман во финалето во Лига на Европа, но зад себе има очајна сезона во Премиер лигата и се наоѓа на 16 место пред завршните три кола.
Постекоглу седна на клупата на Тотенхем во јули 2023 година. ег
ФОТО: ЕПА