• петок, 21 февруари 2025

Гуанжу е именуван за резервен возач на Ферари за сезоната 2025

Гуанжу е именуван за резервен возач на Ферари за сезоната 2025

Маранело, 6 февруари 2025 (МИА) - Џоу Гуанжу е новиот резервен возач на Ферари.

Кинескиот возач го загуби местото во Формула 1 на крајот на 2024 година, иако претходно изрази желба и подготвеност да стане резервен или тест возач на Ферари. Во исто време, самиот тим преку медиумите ја негираше можноста за таква соработка.

Сега, според официјалното соопштение на Ферари, Гуанжу ќе биде резервниот возач на тимот за претстојната сезона, покрај Антонио Џовинаци.

Кинескиот возач е поранешен член на младинската академија на Ферари, каде што помина четири години. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан