• среда, 01 април 2026

Грција ќе ги исцрпи сите можности за безбедно пренесување на благодатниот оган

Грција ќе ги исцрпи сите можности за безбедно пренесување на благодатниот оган

Атина, 31 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи е во контакт со својот израелски колега и остануваме во комуникација со сите надлежни институции. Грчката држава ќе ги исцрпи сите расположливи можности за безбедно пренесување на благодатниот оган во Грција - рече портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу, на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на тоа како оваа година на Велјасабота благодатниот оган ќе пристигне во Грција, Зохиу објасни дека можностите што постојат „не може да бидат јавно објавени од безбедносни причини, со оглед на тоа што операцијата ќе се одвива во услови на војна“.

- Уште еднаш нагласуваме дека ова статус кво на светите места во Ерусалим, вклучително и она на храмот на Светиот гроб, мора целосно да се почитува од сите и под сите околности. Грција ги изразува својата солидарност и непоколебливата поддршка кон христијанските цркви во Ерусалим - рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција.

Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, вчера нагласи дека Министерството за надворешни работи ги презема сите неопходни активности за благодатниот оган безбедно да пристигне во Грција. ср/сд/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан