Градоначалникот Меља изврши увид во текот на активностите за санирање на кратерот-пропаднатата дупка на коловозот кај село Косоврасти
- Градоначалникот Фисник Меља изврши увид во градежните активности, кои се во тек, за санирање на кратерот-пропаднатата дупка на коловозот, на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жровница, кај селото Долно Косоврасти.
Дебар, 27 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот Фисник Меља изврши увид во градежните активности, кои се во тек, за санирање на кратерот-пропаднатата дупка на коловозот, на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жровница, кај селото Долно Косоврасти.
-На овој дел од патот се појави сериозен проблем со отварање на дупка, која ја оштети патната инфраструктура и претставуваше ризик за сообраќајот. Професионалните екипи на „Македонија пат“ со поддршка на Владата интервенираат со приоритет за санирање на проблемот, пополнување на дупката, поставување на потпорни слоеви и целосно враќање на функционалноста на патот, информираа од општинската прес-служба.
Градоначалникот Меља бил информиран за динамиката на работите и ја изразил својата благодарност за институционалниот ангажман и посветеноста за надминување на овој проблем, на оваа значајна патна делница, која претставува важна врска за жителите од поширокиот дебарски регион.

-Општина Дебар ќе продолжи тесно да соработува со надлежните државни институции за навремено решавање на секоја инфраструктурна проблематика и обезбедување поголема безбедност и квалитет во патниот сообраќај, најавил Меља.
Кратерот, односно пропадната дупка се појави во октомври 2021, беше пополнета со песок, а поторно се појави во декември истата година, со длабочина од над 20 и широчна од 6 метри. Сообраќајот се одвиваше по оспособена девијација.
Со оглед на тоа што овој пат има голема фреквенција на сообраќај, бидејќи ги поврзува жителите на општините Дебар и Центар Жупа, како и граѓаните на Албанија, со Маврово, Гостивар, Тетово и Скопје, неговата рехабилитација беше повеќе од неопходна и е од особено значење за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. вт/вј/
Фото: Општина Дебар