Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
- Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, на патот накај железничката станица, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Скопје, 22 април 2025 (МИА) – Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, на патот накај железничката станица, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што се наведува во соопштението на ЦУК, преку бројот за итни повици 112 добиена е пријава за пожар на отворено, по што известени била Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).
– Преку бројот за итни повици 112 добиена e пријава за пожар на отворено кај поранешна Циглана - Драчево, на патот накај железничката станица, гори ѓубриште и трева. Известени се БППЗ, наведуваат од ЦУК. ра/дма/
Фото: МИА архива