• сабота, 22 февруари 2025

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари 

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари 

Загреб, 6 февруари 2025 (МИА) – Шумски пожар во хрватската област Истра зафати стотици хектари трева и ниска вегетација, а пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија, пренесува хрватскиот портал Индекс.

Пожарот избувнал вчера попладне и, поттикнат од силен ветер, се проширил кон околните ридови. Иако е под контрола, огнот сè уште не е изгаснат.

- Ветерот ослабна, но сè уште ни создава проблеми. Наш приоритет е заштитата на селата Јасеновик и околните населби, кои засега не се загрозени, изјави командантот на противпожарните сили во општината Козлевац.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 70 пожарникари со 25 возила, како и екипи од шумското стопанство и природниот парк „Учка“. За денеска е најавено пристигнување на два противпожарни авиони за справување со огнот во непристапните подрачја. ссм/

фото: архива/илустрација

 

Остани поврзан