• сабота, 21 февруари 2026

ГОК Борец му се реваншираше на Работнички на стартот на плејофот во одбојкарското првенство

ГОК Борец му се реваншираше на Работнички на стартот на плејофот во одбојкарското првенство

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето за титулата во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешкиот состав со победата во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната.

Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево, додека мечот меѓу шампионот Струмица и Универзитет во Тетово од претходно беше одложен.

Во плејаут друштвото Лирија и Шкендија немаа проблеми во натпреварите со Јанта Волеј и Скопје, кои ги добија со максимален резултат и со кои ја потврдија фаворитската улога. 

Мечот меѓу Македонија Џио и Весна Пробиштип иако требаше да се одигра, во договор меѓу двата клуба беше одложен и ќе добие нов термин за одигрување.

Резултати плејоф 1. коло:

Штип УГД – Сушево 3:0 (25:15, 25:14, 25:13)

Работнички 71&22 – ГОК Борец 1:3 (16:25, 25:20, 15:25, 20:25)

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово одложена.

Резултати плејаут 1. коло:

Лирија – Јанта волеј 3:0 (25:16, 25:14, 25:18)

Шкендија – Скопје 3:0 (25:17, 25:11, 25:21)

Македонија Џио – Весна Пробиштип одложена. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан