• петок, 20 февруари 2026

Гласањето од јавноста за E-commerce Awards 2025 е во тек - досега собрани над 27.000 гласа

Гласањето од јавноста за E-commerce Awards 2025 е во тек - досега собрани над 27.000 гласа

30 јануари 2026

Во тек е фазата на гласање од јавноста во рамките на петтото јубилејно издание на E-commerce Awards - изборот на најдобрите е-трговци во Македонија за 2025 година, во организација на Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ). Граѓаните имаат можност да ги поддржат своите омилени е-продавници, а гласањето ќе трае до 10 февруари 2026 година, се вели во соопштението од АЕТМ, што МИА го објавува интегрално.

Досега изборот бележи значителен интерес од јавноста, со над 27.000 гласа дадени од повеќе од 2.500 гласачи, што уште еднаш ги потврдува релевантноста и довербата во оваа иницијатива. Во трката за признанијата оваа година се вклучени 217 номинирани е-трговци, кои се натпреваруваат во 18 категории.

По завршувањето на гласањето од јавноста, најдоброрангираните номинации во секоја категорија продолжуваат во финалниот круг, каде што ќе бидат оценувани од стручната жири-комисија во согласност со утврдената методологија. 

Јавното гласање претставува клучен сегмент од изборниот процес и учествува со 60 % во конечниот резултат, а другите 40 % се доделуваат врз основа на оценките на стручната жири-комисија.

Инаку, гласањето од јавноста е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница на изборот најдоцна до 10 февруари 2026 година до крајот на денот на следниот линк:
https://ecommerceawards.mk/

Победниците на E-commerce Awards 2025 ќе бидат прогласени на свечена гала-манифестација, која традиционално ќе се одржи во март 2026 година, каде што на најуспешните е-трговци ќе им бидат врачени престижни статуетки - симбол на доверба, квалитет и извонредност во онлајн-трговијата. E-commerce Awards претставува значајна манифестација за целиот сектор бидејќи ги препознава и наградува најдобрите практики, иновации и постигнувања во е-трговијата, со цел да се поттикне здрав натпревар и континуиран раст и унапредување на индустријата.

Ова издание на E-commerce Awards 2025 се реализира со поддршка на „Халк банк, „Динерс клуб“ и „Халк иншуранс“.

Сите детали за правилата и процесот на изборот се достапни во официјалниот правилник на веб-страницата на E-commerce Awards или преку овој линк.

Тагови

Остани поврзан