• сабота, 22 февруари 2025

Германскиот министер за одбрана го отфрли повикот на Трамп за членките на НАТО да издвојат пет отсто од БДП

Германскиот министер за одбрана го отфрли повикот на Трамп за членките на НАТО да издвојат пет отсто од БДП

Бeрлин, 2 февруари 2025 (МИА)  - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП), нарекувајќи ја бројката нереална и непотребна.

„Пет проценти од нашиот БДП би биле еднакви на 42 проценти од федералниот буџет, што е речиси секое второ евро што владата го троши, значи околу 230 милијарди евра“, рече Писториус во интервју за весникот „Тагесшпигел“.

Според него, Германија не би можела да се справи, а камоли да потроши толку. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан