• сабота, 21 февруари 2026

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026

Хернинг, 26 јануари 2026 (МИА) - На Европското ракометно првенство 2026 во текот на денешниот ден ќе се играат натпревари од 4. коло во првата група во Главната фаза. Дербито е во последниот термин, а во него ќе се соочат кодомаќинот Данска и Германија. Данците на овој меч влегуваат со императив победа, бидејќи секој друг исход за нив најверојатно ќе значи збогување со полуфиналето. 

Двојки за денес:

Португалија – Норвешка (почеток 15:30 часот)

Шпанија – Франција (18:00 ч.)

Германија – Данска (20:30 ч.).

Во пресрет на овие средби, Германија е лидер во Група-1 со 6 бода, Франција и Данска имаат по 4, Норвешка и Португалија собраа по 2, Шпанија е последна без освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан