Германија прв полуфиналист на женското СП во ракомет
- Германската женска ракометна репрезентација вечерва пред своите гледачи во Дортмунд се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Бразил со 30:23 (17:11).
Дортмунд, 9 декември 2025 (МИА) – Германската женска ракометна репрезентација вечерва пред своите гледачи во Дортмунд се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Бразил со 30:23 (17:11).
Германија до победата во првиот четвртфинален натпревар на мундијалскиот турнир ја предводеа Антје Дол со шест и Емили Фогел со пет голови.
Во составот на Бразил, Бруна Де Паула беше најефикасна со шест голови.
Во полуфиналето, Германија ќе игра против победникот од утрешниот четвртфинален натпревар меѓу Данска – Франција.
Вториот полуфиналист ќе биде познат вечерва по одигрување на дуелот меѓу Норвешка и Црна Гора. ег
ФОТО: Фејсбук