Германија планијра да купи три воени бродови
- Германската армија планира да купи најмалку три фрегати од класата МЕКО А-200 од германскиот производител на воени бродови ТКМС, изјавија неименувани извори
Берлин, 21 јануари 2026 (МИА) – Германската армија планира да купи најмалку три фрегати од класата МЕКО А-200 од германскиот производител на воени бродови ТКМС, изјавија неименувани извори.
Еден брод чини околу една милијарда евра, а ТКМС првата фрегата може да ја испорача во 2029 година, а останатите за помалку од една година.
Парламентот на Германија е известен за прелиминарниот договор, а формалниот купопродажен договор се подготвува во Владата. ми/сд/
фото: МИА архива