• петок, 20 февруари 2026

Германија бара заштита на клучната инфраструктура на самитот за Северното Море

Германија бара заштита на клучната инфраструктура на самитот за Северното Море

Хамбург, 26 јануари 2026 (МИА) – Германската министерка за економија Катерина Рајхе ја истакна важноста на заштитата на критичната инфраструктура додека европските лидери се собираат во Хамбург на третиот Самит за Северното Море за да разговараат за проширување на прекуграничната соработка во енергетиката.

Белгискиот премиер Барт Де Вевер, данската премиерка Мете Фредериксен и лидерите на Ирска, Луксембург, Норвешка и Холандија се очекува да присуствуваат на еднодневниот настан, заедно со министрите за енергетика на сите девет земји што излегуваат на Северното Море, како и официјални претставници на НАТО и ЕУ.

- Не е само од руската агресорска војна против Украина наваму што гледаме зголемени напади врз нашата критична инфраструктура, рече Рајхе, чие министерство е исто така надлежно за енергетика, на почетокот на самитот.

Електричните мрежи, гасоводите и важните кабли за податоци, кои се клучни за дигиталниот суверенитет на континентот, се под напад, „поради што НАТО е претставен на високо ниво тука за прв пат“, рече таа.

Таа истакна дека се градат големи офшор фарми со ветерници во Северното Море, во екот на напорите да се направи снабдувањето со енергија во Европа поотпорно.

- Ја прошируваме нашата инфраструктура и истовремено ја обезбедуваме, рече Рајхе и додаде дека Европа е обединета кога се соочува со предизвици. јт/сд/

Фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан