• сабота, 21 февруари 2026

Герасимов: Русија од почетокот на годината зазеде 300 квадратни километри украинска територија

Герасимов: Русија од почетокот на годината зазеде 300 квадратни километри украинска територија

Москва, 15 јануари 2026 (МИА) - Руските трупи ослободија речиси осум населени места и презедоа контрола врз повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првите две недели од јануари - изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Валериј Герасимов.

Претходно, Русија објави дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри украинска територија.

- Руските сили напредуваат практично во сите правци во зоната на специјалната воена операција. Војниците на днепарската група напредуваат кон градот Запорожје. Населбите Белогорје и Новобајковское се ослободени - наведе Герасимов.

Тој додаде и дека руските трупи активно се придвижуваат кон Славјанск. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан