Герапетритис: Грција ќе преземе иницијативи за да се зголеми хуманитарната помош на Блискиот Исток
- Грција ќе преземе иницијативи во рамките на Европската унија, но и како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за да се зголеми хуманитарната помош, што ќе се насочи во регионот, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис за државната телевизија ЕРТ по завршувањето на неговата посета на Катар, Израел и палестинските територии и ја истакна важноста да се консолидира договорот за прекин на огнот и „Блискиот Исток да стане одржлив регион за сите“, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 февруари 2025 (МИА) – Грција ќе преземе иницијативи во рамките на Европската унија, но и како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за да се зголеми хуманитарната помош, што ќе се насочи во регионот, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис за државната телевизија ЕРТ по завршувањето на неговата посета на Катар, Израел и палестинските територии и ја истакна важноста да се консолидира договорот за прекин на огнот и „Блискиот Исток да стане одржлив регион за сите“, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија рече дека „се затвора важен циклус на присуство на грчката дипломатија во поширокиот регион на Блискиот Исток“, со оглед на тоа што во изминатите денови оствари средби со премиерот на Катар, министерот за надворешни работи на Израел со палестинскиот премиер во Рамала, додека пак денеска ќе се сретне со шефот на јорданската дипломатија и ќе биде примен од кралот на Јордан.
- Значаен циклус контакти, што прецизно го отсликува значајниот дипломатски капитал што Грција го има во регионот. Грција е присутна во случувањата во многу критичен период за ситуацијата на Блискиот Исток, порача Герапетритис.
Дополнително посочи дека ја посети Ерусалимската патријаршија, каде што разговарал со патријархот Теофил, како за состојбата на Патријаршијата, така и за состојбата на грчката православна заедница, но и за иднината во регионот. ср/ссм/