Гвардиола откри зошто Бускетс не го замени Родри во Сити
- Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека играчот од средниот ред на Интер Мајами, Серхио Бускетс одбил да го замени повредениот Родри.

Манчестер, 2 февруари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека играчот од средниот ред на Интер Мајами, Серхио Бускетс одбил да го замени повредениот Родри.
Во 2008 година, Бускетс го имаше своето деби во Ла Лига за Барселона под водство на Гвардиола. Заедно освоија бројни трофеи.
Шпанецот неодамна се приклучи на Интер Мајами покрај другите легенди на Барселона како Лионел Меси, Луис Суарез и Жорди Алба.
Бускетс и Гвардиола, исто така, имаат заеднички агент, односно братот на Пеп, но нивно повторно обединување во Сити нема да се случи.
-Не, немаше шанси за тоа затоа што е многу среќен во Мајами. Времето е толку убаво таму! Зборував со Серхио - не за тоа, но многу, многу пати, доста често. Имаме ист агент, па јас одржувам контакт со него многу години, изјави Гвардиола, цитиран од „Дејли Мирор“. дс
Фото: Архива