• понеделник, 15 декември 2025

Гвардиола за победата над Кристал Палас: Беше тешко, тие се неверојатно силни

Гвардиола за победата над Кристал Палас: Беше тешко, тие се неверојатно силни

Манчестер, 15 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола е задоволен од играта на неговиот тим на дуелот со Кристал Палас.

„Граѓаните“ вчера на гостувањето во Лондон победија со 3:0 во 16. коло од Премиер лигата.

- Беше тешко. Тие се неверојатно силни. Секој пат кога играме против нив, е многу тешко – тие се физички моќни, знаат како брзо да одат во транзиција. Исто така и се бранат многу добро. Резултатот од 3:0 е добра потврда за нашата сила, изјави Гвардиола за клупскиот сајт.

Манчестер Сити е втор на табелата во англиската Премиер лига со 34 бода, додека Кристал Палас е петти со 26 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан