• сабота, 22 февруари 2025

Гвардиола го сака Вирц како замена за Де Бруин во Манчестер Сити

Гвардиола го сака Вирц како замена за Де Бруин во Манчестер Сити

Манчестер, 17 февруари 2025 (МИА) - Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, пренесе „Скај Спортс“.

Според информациите, менаџерот на „граѓаните“ Гвардиола е заинтересиран за трансферот на 21-годишниот германски интернационалец, кој го смета Вирц за соодветна замена за Кевин Де Бруин.

Оваа сезона Вирц одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 15 голови и 12 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува неговата пазарна вредност на 140 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан