Гасперини по победата над Комо: Бевме сигурни од самиот почеток, и тоа е нашата сила
- Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, е задоволен од настапот на неговиот тим синоќа на средбата со Комо (1:0) на домашен терен во натпревар од 15. коло од италијанското фудбалско првенство.
Рим, 16 декември 2025 (МИА) - Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, е задоволен од настапот на неговиот тим синоќа на средбата со Комо (1:0) на домашен терен во натпревар од 15. коло од италијанското фудбалско првенство.
- Соуле одигра одлична игра, но тешко е да се суди некого вечерва. Беше добар натпревар благодарение на двата тима. И двата тима се обидоа да победат. Се снајдовме добро бидејќи темпото на Комо може да казнува, бевме многу прецизни. Добра изведба дома пред нашите навивачи. Бевме сигурни од самиот почеток, и тоа е нашата сила. Создаваме многу шанси веќе неколку недели, дури и повеќе од Комо денес. Резултатот можеше да биде поубедлив. Тимот играше со добар квалитет. Не ме засега толку конечниот резултат, колку што ме интересираат вакви натпревари. Поддршката е неверојатна, и го чувствуваме тоа кога играме вака: тоа е одлично чувство. Тоа треба да биде нашата цел; резултатите ќе дојдат, рече Гасперини за „DAZN“.
Рома го доби својот прв натпревар по два последователни порази во Серија А. Тие се четврти на табелата со 30 бода по 15 натпревари. зс/
Фото: ЕПА