• петок, 21 февруари 2025

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава

Хонолулу, 12 февруари 2025 (МИА) - Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, повторно почна да исфрла лава на Големиот остров во тој архипелаг, објавија денеска американските медиуми.

Овој вулкан, на околу 320 километри од главниот град Хонолулу, исфрла лава наизменично речиси два месеци, од 23 декември, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Засега ниту едно населено место не е во опасност да биде зафатено со лавата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан