• сабота, 16 мај 2026

ВРЕДИ: Конгресот на обединувањето се приближува

ВРЕДИ: Конгресот на обединувањето се приближува

3 мај 2026

Иднината им припаѓа на оние што знаат да се обединат околу заедничките вредности. Тоа го докажува ВЛЕН, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

На 9 мај, на Денот на Европа, ВЛЕН го одржува Конгресот на обединувањето како зрел политички процес и од него ќе излезе како единствена сила, со едно име, насока и мисија.

Пет политички субјекти стануваат едно тело, сила која во својата суштина ги има владеењето на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство, европскиот пат, партнерството со НАТО и заштитата на семејството, традицијата, културата и идентитетот.

На Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока. Од соработка кон обединување, од координација кон заедничка сила, од ветување пред Албанците до политичка реалност.

Оние што се навикнати да опстојуваат од поделби, денес не се мирни. Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВЛЕН нема да се обедини. Еве дојде денот кога обединувањето станува факт, а манипулацијата невозможна.

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространета од Липково до Струга.

ВЛЕН ЕДНО. ВЛЕН доаѓа!

ВРЕДИ/ВЛЕН

Фото: Фејсбук-страница на ВРЕДИ/ВЛЕН

Остани поврзан