• петок, 05 декември 2025

Врачени уверенијата на советниците во Советот на Општина Струга

Врачени уверенијата на советниците во Советот на Општина Струга

Струга, 7 ноември 2025 (МИА) - Во салата на Советот на Општина Струга денеска беа врачени уверенијата на членовите на Советот кои добија четиригодишен мандат на последните локални избори што се одржаа на 19 октомври.

Уверенијата им ги врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута.
Новиот состав на Советот на Општина Струга брои 23-ца советници од кои осум од коалицијата НАИ, шест од ВМРО - ДПМНЕ, четворица од ВЛЕН, тројца од независна листа и по еден од СДСМ и Левица.

Во општина Струга во вториот круг на локалните избори за градоначалник беше избран независниот кандидат Менди Ќура, кој функцијата официјално треба да ја преземе идната недела. сс/дма/

Фото МИА

Остани поврзан