Воена вежба на НАТО на балтичкиот брег на Германија
- НАТО денеска ќе спроведе воена десантна вежба на балтичкиот брег на Германија. Маневрите се дел од тековната голема вежба на Северноатлантскиот сојуз - „Непоколеблива стрела“
Берлин, 18 февруари 2026 (МИА) - НАТО денеска ќе спроведе воена десантна вежба на балтичкиот брег на Германија. Маневрите се дел од тековната голема вежба на Северноатлантскиот сојуз - „Непоколеблива стрела“.
Војниците, оружјето и опремата ќе бидат префрлени на копно по преминувањето на морето преку воениот полигон Путлос во Шлезвиг-Холштајн.
Вежбата, во која ќе учествуваат 15-ина брода и 2.600 војници, ќе биде набљудувана од германскиот министер за одбрана Борис Писториус и генералот на НАТО, Инго Герхарц.
Герхарц е командант на Здружената команда на сојузниците во Брунсум, Холандија, која е одговорна за одбраната на централна Европа, од Атлантскиот Океан до источната граница на НАТО.
Во воената „Непоколеблива стрела“ учествуваат 17 брода од 13 земји, над 1.500 возила и речиси 10.000 војници од Италија, Шпанија, Грција и Турција. ми/рп/
фото: ИМА архива