• четврток, 02 април 2026

Гутереш во „посета на солидарност“ на Либан

Гутереш во „посета на солидарност“ на Либан

Бејрут, 13 март 2026 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ненајавено пристигна во Либан во „посета на солидарност“ додека траат израелски напади, пренесе ДПА.

Народот на Либан „не ја избра оваа војна“, рече Гутереш. „Тие беа вовлечени во неа“.

По американско-израелските напади врз Иран, проиранската милиција Хезболах почна да лансира ракети кон цели во Израел. Израел одговори со сеопфатни воздушни напади. Стотици цивили во Либан се убиени, а повеќе од 800.000 луѓе се внатрешно раселени, изјави Гутереш.

Шефот на ОН ја повика меѓународната заедница да донира дополнителни 300 милиони долари за поддршка на хуманитарната помош за либанскиот народ.

- ОН и јас нема да штедиме напори да работиме кон мирна иднина, која Либан и овој регион толку многу ја заслужуваат – рече тој.

За време на посетата, Гутереш се сретна со либанскиот претседател Џозеф Аун, претседателот на парламентот Набих Бери и премиерот Наваф Салам.

Аун ја нагласи „потребата да се запрат израелските напади и да се постигне прекин на огнот со цел да се разговара за следните чекори“. Тој истакна дека „продолжувањето на израелските напади ќе влијае врз стабилноста на целиот регион“. јт/ми/

Фото: ЕПА

Остани поврзан