Во Јужна Кореја протести и собири за поддршка на Јун
- Во Јужна Кореја денеска се одржани протести со барање за веднаш да биде сменет отповиканиот претседател Јун Сук-јеол, но во исто време беа организирани и собири за негова поддршка

Сеул, 8 февруари 2025 (МИА) – Во Јужна Кореја денеска се одржани протести со барање за веднаш да биде сменет отповиканиот претседател Јун Сук-јеол, но во исто време беа организирани и собири за негова поддршка.
Повеќе илјади демонстранти во Сеул побараа Јун веднаш да биде сменет и Уставниот суд да донесе пресуда за неговото отповикување.
Додека поддржувачите предводени од конзервативниот свештеник Јеон Кванг-Хун се собраа во центарот на Сеул, барајќи ослободување на Јун, кој моментално е во затвор под обвинение за организирање бунт откако на 3 декември минатата година воведе краткорочен воен закон. Тие бараат да биде поништено неговото отповикување.
Слични протести на спротивставените табори беа одржани и во градовите Гвангжу и Даегу.
Јун беше обвинет за бунт на 26 јануари, откако се обиде да прогласи воена состојба во земјата на почетокот на декември. Тоа предизвика политичка криза во Јужна Кореја.
Уставниот суд почна расправа сали Јун формално да биде сменет од претседателската функција или пак да го врати на функцијата. ми/
фото: ЕПА