Во Јувентус среќни што го избегнале Милан во Лигата на шампионите
- Директорот на Јувентус, Џанлука Песото, кој е одговорен за академијата на клубот, призна дека тимот е задоволен што избегнал судир со Милан во плеј-офот од Лигата на шампионите, во кој ќе се соочи со стариот познаник ПСВ Ајндховен. Тој ги прокоментира и тешкотиите кои „Старата дама“ ги доживува оваа сезона.

Торино, 31 јануари 2025 (МИА) - Директорот на Јувентус, Џанлука Песото, кој е одговорен за академијата на клубот, призна дека тимот е задоволен што избегнал судир со Милан во плеј-офот од Лигата на шампионите, во кој ќе се соочи со стариот познаник ПСВ Ајндховен. Тој ги прокоментира и тешкотиите кои „Старата дама“ ги доживува оваа сезона.
-Дефинитивно е убаво што избегнавме дерби бидејќи на тој начин имаме можност да ги видиме двете италијански екипи во следната рунда, што не би било лошо. Игравме против ПСВ на нашиот прв натпревар на турнирот (победа со 3-1), па оттогаш поминаа месеци. Овие натпревари ќе бидат различни и ќе мора добро да им пристапиме, со самодоверба и убедување дека можеме да продолжиме во следната рунда. Најважно е да бидеме во најдобра можна форма на овие натпревари, истакна Песото.
Во Јувентус, според него, мора да има доверба во она што го работат, во вредноста на играчите и во многуте добри работи што ги направиле.
-Не треба да ги повторуваме грешките што ги направивме. Мора да застанеме заедно во време на тешкотии и да се движиме заедно во иста насока. Ова се решенијата: елиминирање на оние грешки кои не спречија да постигнеме резултати и користење на нашите квалитети. Отпрвин одевме со полна пареа и имаше голем ентузијазам. После тоа, премногу повреди значеше дека тимот и многу играчи мораа да играат со голема конзистентност, а понекогаш ни недостасуваше малку свежина. Затоа, патеката потоа беше малку непредвидлива, но повторувам дека, според мене, тимот треба да има доверба, изјави Песото за „Скај Италија“. дс
Фото: Архива