• четврток, 02 април 2026

Во Штип одбележана Неделата на борба против глаукомот

Во Штип одбележана Неделата на борба против глаукомот

Штип, 13 март 2026 (МИА) -По повод светската Недела на борба против глаукомот, Одделот за очни болести  при ЈЗУ Клиничка болница –Штип , заедно со катедрата по Офталмологија на Медицинскиот факултет  при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип денеска се вклучија во одбележување на Неделата за борба против глаукомот. Раководителот на катедрата за офтамологија при Факултетот за медицински науки при УГД-Штип, Страхил Газепов истакна дека болеста глауком е подмолна болест, која не предизвикува болки на очите, пореметување на видот, ниту пак чешање и црвенило на окото. Тој посочи дека лани од 440 прегледани пациенти кај 23 е дијагностицирано глауком, а 18 биле со симптоми со очен притисок, а 18 со симптоми на глауком. 

-Нема никакви симптоми, а перманетно го оштетува очниот нерв и знае оваа болест да биде толку подмолна, кога пациентите ќе дојдат кај очен лекар да имаат сериозни нарушувања на очниот нерв и со тоа да има траен губиток на видот. Апел е еднаш годишно е пациентите да си го прегледат очниот притисок се со цел рано откривање-вели Газепов.

На два пункта денеска се мереше бесплатно очен притисок, од кој првиот во Холот на Здравствен дом „Панче Караѓозов“ ‘ а вториот пункт е во Кабинетот по Оптометрија во Штип. вдј/

Фото:МИА

Остани поврзан