• петок, 05 декември 2025

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“

Загреб, 13 ноември 2025 (МИА) – Турски авион „Ер трактор АТ-802“ денеска се урна во близина на хрватскиот град Сењ, при што загина пилотот, објави хрватската Цивилна заштита.

По падот, авионот на турската Главна управа за шумарство, се запалил.

Два турски „Ер трактори“ летале од Риека кон Загреб, но поради густата магла морале да ја сменат рутата. Едниот авион слетал на островот Крк, додека другиот се урна. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан