• сабота, 22 февруари 2025

Во Франција имамот е признат како професија

Во Франција имамот е признат како професија

Париз, 19 февруари 2025 (МИА) – Владата на Франција денеска официјално ја призна работата на имамот како професија, додавајќи ја на списокот професии во Агенцијата за вработување.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретаљо, по вториот состанок на Францускиот исламски форум (ФОРИФ), изјави дека како дел од иницијативата, улогата на имам е и формално вклучена во официјалниот список  на признати професии во Франција. 

Имамите кои работат во болниците и армијата сега ќе бидат официјално признати како дел од јавната служба, со што ќе се осигури дека нивната улога е формално признаена во државните институции.

Ретаљо истакна дека дијалогот меѓу државата и муслиманските верски претставници треба да се заснова на доверба и одговорност.

Тој посочи дека муслиманите го отфрлаат искривувањето на нивната вера од страна на екстремистичките идеологии. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан