• сабота, 22 февруари 2025

Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција

Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција

Киев, 23 јануари 2025 (МИА) – Украинските агенции за спроведување на законот денеска спроведоа околу 1.000 рации ширум земјата за да спречат нелегалната продажба на оружје и муниција, соопшти полицијата.

- Главната цел е да се затворат каналите за продажба и складирање, како и да се заплени трофејно оружје земено од руски војници, како и муниција и експлозиви од недозволена трговија, се наведува во соопштението.

За прекршителите на законот предвидена е затворска казна до седум години.

Во септември минатата година, полицијата соопшти дека спречила нелегална операција за шверц на оружје во регионот на Киев, при што запленила пиштоли и муниција во вредност од околу 40.000 евра. ми/

фото: МИАархива

Остани поврзан